Акар: „Турција е на преговарачката маса и на терен“

На средбите ќе се дискутираат тактички и технички теми, кој каде ќе стои, кој што ќе прави

1526901
Акар: „Турција е на преговарачката маса и на терен“

 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече дека со постигнувањето на договорот во Карабах, Турција е на маса и на терен.

Хулуси Акар одговараше на прашањата на пратениците во Големото национално собрание на Турција.

Истакнувајќи дека не станува збор за било каков свршен чин во Карабах, министерот Акар рече: „Од Русија доаѓа голема делегација. На средбите ќе се дискутираат тактички и технички теми, кој каде ќе стои, кој што ќе прави“.

Потенцирајќи дека „Турција во Карабах е и на маса и терен“ Акар рече: „Она што се обидуваме и што сакаме да го постигнеме е прекинот на огнот да има траен карактер, да се обезбеди и воспостави трајна стабилност, мир, нормализација, отворање на границите, ширење на просперитет“.



Слични вести