Турција му честита на Брегот на Слоновата Коска за резултатите од претседателските избори

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се вели следното: „Посакуваме Брегот на Слоновата Коска да продолжи да напредува на патот на економскиот развој, во спокојство и стабилност“

1526238
Турција му честита на Брегот на Слоновата Коска за резултатите од претседателските избори

Турција посака резултатите од одржаните избори во Брегот на Слоновата Коска да бидат аирлија за оваа западноафриканска земја.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се вели следното: „Посакуваме Брегот на Слоновата Коска да продолжи да напредува на патот на економскиот развој, во спокојство и стабилност.“

Во соопштението се потсетува дека со објавувањето на резултатите од одржаните избори актуелниот претседател Аласан Куатара е реизбран за претседател и се посакува изборните резултати да бидат аирлија (да послужат за доброто) на народот на пријателската и братска земја Брегот на Слоновата Коска.

„Го повторуваме нашето верување дека во наредниот период ќе се делува со ексклузивно (сеопфатно) сфаќање во дијалог со сите средини на народот (во Брегот на Слоновата Коска).“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.



Слични вести