Сијамски близнаци од градот Африн во северниот дел на Сирија донесени на лекување во Анкара
Сијамски близнаци од градот Африн во северниот дел на Сирија најпрвин се префрлени во градот Хатај, а оттука со амбулантен авион се донесени на лекување во Анкара, во Детската болница Ихсан Дограмаџи на Универзитетот Хаџеттепе

Новородени сијамски близнаци кои дојдоа на свет пред 14 дена во градот Африн во северниот дел на Сирија, се префрлени најпрвин во градот Хатај, а потоа оттука со амбулантен авион се донесени на лекување во Анкара.
Сијамските близнаци родени со тежина од 4 килограми 200 грама со женски пол, на 4 ноември од граничниот премин Маслиново гранче во населеното место Кумлу кај градот Хатај со помош на амбулантно возило беа префрлени во Болницата на Универзитетот за истражување и применување Мустафа Кемал во Хатај.
Овде беше извршено првото лекување на сијамските близнаци кои потоа со помош на амбулантен авион на Министерството за здравство којшто полета од аеродромот во Хатај, синоќа се донесени на аеродромот Есенбога во Анкара.
Од аеродромот сијамските близнаци со амбулантно возило се префрлени на лекување во Детската болница Ихсан Дограмаџи на Универзитетот Хаџеттепе.
Слични вести

Ердоган: „Нема да застанеме се додека не заврши изградбата на голема и силна Турција“
Минатата година ја затворивме со многу добри резултати во инвестициите и буџетските имплементации