Реакција од Турција до Грција во врска со Источниот Медитеран

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека последните соопштенија на Грција во однос на Источниот Медитеран се безначајни и немаат никаква вредност

1526189
Реакција од Турција до Грција во врска со Источниот Медитеран

Турција соопшти дека последните соопштенија на Грција во однос на Источниот Медитеран се безначајни и немаат никаква вредност.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со последното објавено соопштение од страна на грчкото Министерство за надворешни работи во однос на активностите за сеизмички истражувања на Турција во Источниот Медитеран. 

Велејќи дека грчкото Министерство за надворешни работи објави уште едно соопштение во врска со сеизмичките истражувања коишто бродот „Оруч Реис“ продолжува да ги реализира во границите на континенталниот гребен на Турција во Источниот Медитеран, Хами Аксој го рече следното: „Овие соопштенија се потпираат на тврдењата на максималистичките поморски граници на Грција кои се во спротивност со меѓународното право и вообичеаните применувања, така да за нас немаат никаква важност и вредност. Турција ќе продолжи да ги брани со одлучност и сопствените легитимни права и интереси и легитимните права и интереси на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Источниот Медитеран, во рамките на меѓународното право. Доколку Грција е искрена во нејзините изјави во коишто наведува дека бара решение во регионот, наместо да објавува соопштенија коишто ја зголемуваат затегнатоста, да реализира воени активности и погрешно да ги усмерува и провоцира третите страни против Турција, без предуслови треба да одговори на нашите повици за дијалог.“



Слични вести