Песков: Претседателот Путин го цени многу конструктивниот приод на претседателот Ердоган

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин  го цени многу конструктивниот приод на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по прашањето со Нагорно Карабах

1526633
Песков: Претседателот Путин го цени многу конструктивниот приод на претседателот Ердоган

Портпаролот на претседателскиот дворец на Русија Кремљ Дмитриј Песков во дадената изјава за новинарите истакна дека разидувањата во ставовите помеѓу Азербејџан и Ерменија по прашањето со Нагорно Карабах ќе бидат решени со посредство на дијалогот со турската страна.

Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин  го цени многу конструктивниот приод на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по прашањето со Нагорно Карабах.

Велејќи дека дијалогот помеѓу Русија и Турција е влијателен во решавањето на бројни регионални прашања, Песков рече: „Ја цениме оваа интеракција, взаемна доверба и соработка.“

„Знаете, и нашиот претседател Путин многу го цени конструктивниот приод на неговиот турски колега претседателот Ердоган. Лидерите водат близок и цврст дијалог, меѓутоа секако во овие видови комплицирани прашања постојат нијанси, разидувања во ставовите по прашањето на приодите. И нив ќе ги решиме за време на дијалогот што ќе го оствариме со нашите турски партнери.“ - рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.



Слични вести