Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу: Неутрализиран терорист од црвениот список
Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу напиша на Твитер: „Пречкртавме уште еден од црвениот список... Исмаил Сургеч под кодното име 'Јилмаз' т.н. одговорен за теренот на Тунџели е неутрализиран во операцијата во Долината Ахпанос во Тунџели.“
1526760

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопшти дека е неутрализиран терористот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК по име Исмаил Сургеч т.н. одговорен за теренот на Тунџели, кој се наоѓа на списокот на барани терористи во категоријата со црвена боја.
Министерот Сојлу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Пречкртавме уште еден од црвениот список... Исмаил Сургеч под кодно име 'Јилмаз' т.н. одговорен за теренот на Тунџели е неутрализиран во операцијата во Долината Ахпанос во Тунџели. Честитки јунаци, Аллах да ве чува.“
Слични вести

Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.308.721
Во последните 24 часа беа остварени 180.303 тестови, а беа регистрирани 681 ново заболени