Ибрахим Калин се состана со шефот на британската тајна разузнавачка служба МИ6 Ричард Мур

На средбата во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, на дневен ред беа поставени развивањето на односите помеѓу Турција и Обединетото Кралство и можностите за соработка помеѓу двете земји во сферите на безбедноста и надворешната политика

1526187
Ибрахим Калин се состана со шефот на британската тајна разузнавачка служба МИ6 Ричард Мур

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин се состана со новиот шеф на британската тајна разузнавачка служба МИ6 (MI6) Ричард Мур кој престојува во Анкара.

На одржаната средба во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, на дневен ред беа поставени развивањето на односите помеѓу Турција и Обединетото Кралство и можностите за соработка помеѓу двете земји во сферите на безбедноста и надворешната политика.

На средбата беа обемно разгледани и прашањето со Карабах и случувањата во Либија, а беа разменети мислења и во однос на заедничките безбедносни политики на двете земји во име на воспоставување на стабилноста во регионите на Блискиот исток и Источниот Медитеран.



Слични вести