Чавушоглу во Баку: Ако повторно го прекршат прекинот на огнот ќе ја платат сметката за тоа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Баку рече: „Дали на прекинот на огнот го има потписот на ерменскиот премиер, го има, Тој потпис е обврзувачки за таа земја. Ако повторно го прекршат прекинот на огнот ќе ја платат сметката за тоа.“

1526385
Чавушоглу во Баку: Ако повторно го прекршат прекинот на огнот ќе ја платат сметката за тоа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Азербејџан, Баку, одржа прес-конференција и во оваа пригода во врска со прогласениот прекин на огнот помеѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах го рече следното: „Дали на прекинот на огнот го има потписот на ерменскиот премиер, го има, Тој потпис е обврзувачки за таа земја. Ако повторно го прекршат прекинот на огнот ќе ја платат сметката за тоа.“

„Им честитам на јуначката азербејџанска армија, братскиот азербејџански народ и претседателот Илхам Алиев. По победата на теренот меѓу Азербејџан, Русија и Ерменија е потпишан договор за прекин на огнот. Ерменија беше таа која секогаш го прекрши прекинот на огнот. Азербејџан секогаш покажа дека е на страната на решавање на проблемот по дипломатски пат.“ - рече Чавушоглу. 

Тој истакна дека Франција поддржувајќи ја Ерменија се обидува да ги поткопа напорите за мир во врска со што рече: „Тројката од Минск, а особено Франција, треба да извлече лекција од овој процес. Дури и по прекинот на огнот даваат пристрасни изјави. Дали на прекинот на огнот го има потписот на ерменскиот премиер, го има, Тој потпис е обврзувачки за таа земја. Ако повторно го прекршат прекинот на огнот ќе ја платат сметката за тоа.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напомена дека Турција и Русија постигнаа договор и по прашањето на формирање на заеднички центар за надгледување на прекинот на огнот во Нагорно Карабах.

„Конечниот документ е потпишан помеѓу министерот за национална одбрана Хулуси Акар и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. И придаваме значење на улогата што ја одигрува Русија во договорот. Со делегацијата којашто ќе дојде утре од Русија ќе разговаравме за деталите. Деталите на делување на центарот ќе бидат познати на утрешниот состанок. Улогата што ја има усија ќе ја има и Турција. Центарот за контрола и надгледување ќе реализира значајни функции. Кога ќе дојде до утврдување, надгледување, прекршувања, ќе ги разгледа нив, ќе ги рапортира. Посакуваме прекинот на огнот да стане повод за трајна стабилност. Ќе бидеме покрај Азербејџан, онака како то ќе посака.“



Слични вести