Акар: Онака како што не гаиме претензии кон ничие право, нема да дозволиме да се гази и нашето право

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Ќе продолжиме да се испречуваме со одлучност против обидите за затворање на Турција во нејзините територијални води во Егејското Море и во заливот на Анталија во Источниот Медитеран“

1526628
Акар: Онака како што не гаиме претензии кон ничие право, нема да дозволиме да се гази и нашето право

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во своето излагање пред Комисијата за планирање и буџет во Глемото Народно Собрание на Турција (ТБММ) истакна дека ќе продолжи да се застанува со одлучност пред обидите за затворање на Турција во  нејзините територијални води на Егејското Море и во заливот на Анталија во Источниот Медитеран.

„Ќе продолжиме да се испречуваме со одлучност против обидите за затворање на Турција во нејзините територијални води во Егејското Море и во заливот на Анталија во Источниот Медитеран.“ - рече Акар. 

„Онака како што не гаиме претензии кон ничие право, нема да дозволиме да се гази и нашето право. Ќе станеме шехиди (загинеме) или газии (ветерани), но нема да дозволиме никако да дојде до состојба на свршен чин.“ - порача Акар. 

Во врска со контролата и надзорот на прекинот на огнот во Карабах, Хулуси Акар напомена дека Турција ќе заземе место во заедничката воена сила за надгледување и контрола на применувањето на постигнатиот договор за прекин на огнот.

Тој рече: „Онака како што моментално се користи внатре во НАТО сојузот системот С-300 со којшто располагаат некои НАТО членки, и системот С-400 ќе се користи кај нас на ист начин. Контролата и подготовките на системот што го набавивме ги продолжуваме според планираното.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар напомена дека Турција е спремна да ги разгледа грижите на Соединетите Американски Држави (САД) дали С-400 се компатибилни со Ф-35 во техничка смисла и дека сѐ уште се наоѓа на маса предлогот за формирање на заедничка работна група по ова прашање.



Слични вести