Турција остро реагираше на изјавата на Помпео

САД првенствено треба да се фокусираат на зголемување на соработката помеѓу нашите земји особено во врска со регионалните и глобални прашања

1526099
Турција остро реагираше на изјавата на Помпео

 

Турција остро реагираше на изјавата на американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој објави писмен одговор на изјавата на Помпео пред посетата на Турција.

Аксој во изјавата рече:

„Во вчерашното соопштение американскиот државен секретаријат за надворешни работи (10 ноември) беше истакнато дека државниот секретар Помпео во рамките на посетата, вклучително и некои земји од регионот, во Истанбул ќе оствари средба со патријархот на грчката православна партијаршија Фенер со кого ќе разговара Турција и верските прашања во регионот, а исто така ќе се нагласи силниот став на САД кон верските слободи низ целиот свет.

Во суштина, посетата на странските државници на на претставниците на верските заедници во земјите коишто ги посетуваат нема никаква пречка.

Впрочем, досега Турција како земја која со векови е домаќин на низа различни вери и гледано од тој аспект нашата земја има посебна позиција во светот, поради што странските гости постојано имаа можност да одржат средби со претставниците на различни верски заедници во земјата.

Од друга страна, познат е напредокот на верските слободи во Турција, особено во последните 20 години.

Додека во многу делови на светот, верските малцинства, особено муслиманите, богослужбата беа принудени да ја извршуваат под многу неповолни услови и закана, нашите немуслимански граѓани можат слободно да ги остваруваат своите верски обврски во нашата земја, а исто така е заштитена слободата на вероисповест на нашите граѓани од различна вера.

Затоа, изразите употребени во врска со ова прашање особено пред претстојната посета на американскиот државен секретар на нашата земја се крајно несоодветни и неосновани.

Покрај тоа, би било поправилно САД прво да се погледнат во огледало и да ја покажат неопходната чувствителност кон кршењето на човековите права, како што се расизмот, исламофобијата и злосторствата од омраза во својата земја.

Нашата реакција по ова прашање беше доставена на американската страна и беше сугерирано дека САД првенствено треба да се фокусираат на зголемување на соработката помеѓу нашите земји особено во врска со регионалните и глобални прашања“.



Слични вести