Турција објави нов „NAVTEX“: Грција го прекршува Лозанскиот мировен договор

Во објавениот нов „NAVTEX“ се алудира на објавениот „NAVTEX“ од страна на Грција и се привлекува внимание дека со овој „NAVTEX“ се прекршува Лозанскиот мировен договор

1525950
Турција објави нов „NAVTEX“: Грција го прекршува Лозанскиот мировен договор

Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) во која истакна дека Грција го прекршува Лозанскиот мировен договор.

Во објавениот нов „NAVTEX“ се алудира на објавениот „NAVTEX“ од страна на Грција и се привлекува внимание дека со овој „NAVTEX“ се прекршува Лозанскиот мировен договор.

Се истакнува дека островите Сакиз (грчки Хиос), Семадирек (грчки Самотраке или Самотракија), Сисам (грчки Самос) и Лимни (грчки Лимнос) согласно Лозанскиот мировен договор од 1923 година имаат статус на острови на кои се забранува да се распоредуваат вооружени сили и да се наоружуваат овие острови.

Со објавената нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) се покажува реакција на тоа што Грција го прекршува овој статус.



Слични вести