Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 86 починати, 2.693 новозаразени, 2.112 оздравени

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 86 лица, регистрирани се 2.693 новозаразени, оздравеа 2.112 пациенти; Досега починаа вкупно 11.145 лица, инфектирани се 402.053, а оздравеа 344.613 лица

1526115
Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 86 починати, 2.693 новозаразени, 2.112 оздравени

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 86 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 11.145 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 145.989 тестирања од кои се дијагностицирани 2.693 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 402.053 лицa.

Со отпуштање од болница на уште 2.112 излекувани, вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 344.613 лица.



Слични вести