За нов министер за трезор и финансии на Турција е назначен Лутфи Елван
На местото на досегашниот министер за трезор и финансии Берат Албајрак кој ја напушти оваа своја должност, за нов министер за трезор и финансии е назначен Лутфи Елван
1524881

За нов министер за трезор и финансии на Турција е назначен Лутфи Елван.
Според потпишаниот указ од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган којшто е објавен во денешниот број на Службениот весник на Република Турција, на местото на досегашниот министер за трезор и финансии Берат Албајрак кој ја напушти оваа своја должност, за нов министер за трезор и финансии е назначен Лутфи Елван.
Назначувањето е извршено во согласност со членовите број 104 и 106 од Уставот на Република Турција.