Со почит кон големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк на 82. годишнина од неговата смрт

Првата и централна адреса на церемониите по повод 10 ноември Денот на сеќавање на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк, на кои се состана државниот врв се одржа во мавзолејот „Аниткабир“ во Анкара

1524800
Со почит кон големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк на 82. годишнина од неговата смрт
10 KASIM.2.jpg
10 kasım anma 8.jpg
erdogan anitkabir1.jpeg
10 kasım anma 11.jpg
10 kasım anma 12.jpg
10 kasım anma 13.jpg
10 KASIM.1.jpg
10 kasim anma2.jpg
10 kasim anma.jpg

Денеска е 10 ноември, 2020 година.

Се навршуваат точно 82 годинa од смртта на големиот лидер основоположникот на Република Турција и нејзин прв претседател големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк, кој со Војната за слобода што ја започна  и траеше од 1919 до 1923 година најпрвин ја спаси Анадолија од окупација, а потоа со реализираните револуции во секоја сфера ги постави камен темелниците на модерна Турција

Уште еднаш со љубов, почит и благодарност се сеќаваме на големиот лидер Ататурк кој  на 10 ноември 1938 година во сарајот Долмабахче во Истанбул, ги затвори своите очи и замина во неговиот вечен дом.

Денеска, како и секоја година, се одржуваат церемонии, програми и манифестации низ цела Турција и во дипломатско-конзуларните претставништва на земјата.

Утрово точно во 09:05 часот, моментот кога Ататурк ги затвори своите очи и почина на 10 ноември 1938 година пред точно 82 години, засвиреа сирените. За момент замре животот во целата земја, сите граѓани му оддадоа почит со едноминутно молчење на големиот лидер.

Во истите минути првата и централна адреса на церемониите беше мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ во Анкара.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и државната делегација во негова придружба го посетија гробот на Ататурк каде што беше положен венец и му беше оддадена почит со едноминутно молчење на големиот лидер, во неговиот вечен дом во мавзолејот „Аниткабир“.

Претседателот Ердоган во спомен книгата на мавзолејот го напиша следното: „Нашиот народ со добро ќе се сеќава на Гази Мустафа Кемал и неговите јуначки соборци кои борбата во сиромаштија и немаштија ја крунисаа со победа и ни оставија една независна и слободна земја. Ќе ја заживееме вечно нашата Република која е формирана со самопожртвуваноста на нашите шехиди (паднатите борци), ќе продолжиме да работиме за да им оставиме на идните поколенија една попросперитетна, силна, угледна земја. Нека ти е благословена душата.“

Потоа мавзолејот „Аниткабир“ беше отворен за посета на граѓаните.

Илјадници граѓани кои денеска ја доживуваат истата тага, но воедно и понос и љубов, исто како и пред 82 години, го посетуваат мавзолејот на големиот лидер основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк.

 



Слични вести