Претседателот Ердоган: Водиме историска борба против оние кои сакаат да ја осудат Турција на модерни капитулации

Претседателот Ердоган истакна дека Турција ќе успее да влезе меѓу првите 10 економски развиени земји на светот и дека се води историска борба против оние кои сакаат да ја осудат Турција на модерни капитулации

1525148
Претседателот Ердоган: Водиме историска борба против оние кои сакаат да ја осудат Турција на модерни капитулации

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на манифестацијата за сеќавање на големиот лидер основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататур по повод 82. годишина од неговата смрт, којашто се одржа од страна на Институцијата за култура, јазик и историја „Ататурк“, во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во Бештепе, во Анкара.

Претседателот Ердоган истакна дека Турција ќе успее да влезе меѓу првите 10 економски развиени земји на светот и дека се води историска борба против оние кои со прангите на каматата, девизниот курс и инфлацијата, сакаат да ја осудат Турција на модерни капитулации.

„Ќе успееме да влеземе меѓу првите 10 економски развиени земји на светот. Верувам дека тоа ќе биде најголемиот подарок за (основоположникот на Република Турција) Гази Мустафа Кемал Ататурк.“



Слични вести