Порака со честитка од претседателот Ердоган до Азербејџан по повод Денот на државното знаме

Претседателот Ердоган информира дека Турција ќе продолжи да стои покрај своите азербејџански браќа се додека почне да се виори слободно славното азербејџанско знаме на целата територија на Нагорно Карабах

1524749
Порака со честитка од претседателот Ердоган до Азербејџан по повод Денот на државното знаме

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака со која му го честита 9 ноември Денот на државното знаме на Азербејџан, како земја со која Турција на меѓународната арена делува поаѓајќи од принципот „две држави, еден народ.“

Претседателот Ердоган информира дека Турција ќе продолжи да стои покрај своите азербејџански браќа се додека почне да се виори слободно славното азербејџанско знаме на целата територија на Нагорно Карабах.

Велејќи дека покојниот азербејџански поет Бахтијар Вахапзаде братството помеѓу Азербејџан и Турција го дефинира како „два брата од иста мајка“, Ердоган рече дека со чекорите коишто се фрлаат како две братски земји на целиот свет му е покажано дека не само на збор, тие се браќа во суштина во секоја сфера од политиката до дипломатијата и од енергијата до одбраната.

Претседателот Ердоган во својата порака го истакна следното: „Од сѐ срце и со сите наши можности    ја поддржуваме борбата на Азербејџан за ослободување на териториите во Нагорно Карабах кои и покрај резолуциите на Обединетите нации (ОН) и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) веќе приближно 30 години се наоѓаат под ерменска окупација. Со ослободувањето на древниот турски град Шуша од окупација се зголеми уште повеќе и нашата верба и надеж за постигнување на апсолутна победа. Нашата желба е без да се пролее повеќе крв Ерменија која претрпува тешки загуби пред јуначката азербејџанска армија, териториите коишто ги окупира да им ги предаде на нивните вистински сопственици.

Турција ќе продолжи да стои покрај своите азербејџански браќа се додека да почне да се виори слободно славното азербејџанско знаме на целата територија на Нагорно Карабах. Со овие мисли, во личноста на мојот честит брат претседателот Илхам Алиев им го честитам денот на знамето на азербејџанските Турци; со милост се сеќавам на нашите честити шехиди (загинати војници) кои ги положија своите животи за татковината, знамето, езанот и независноста.“



Слични вести