Мевлут Чавушоглу му честита на Џејхун Бајрамов за придобивките и извојуваната победа во Нагорно Карабах
Во соопштението на азербејџанското министерство за надворешни работи се истакнува дека Чавушоглу му честита на својот азербејџански колега Џејхун Бајрамов за стекнатите придобивки и извојуваната победа во Нагорно Карабах

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов и му честита за стекнатите придобивки и извојуваната победа во Нагорно Карабах.
Во објавеното соопштение од азербејџанското министерство за надворешни работи се истакнува дека двајцата шефови на дипломатии Мевлут Чавушоглу и Џејхун Бајрамов разговараа телефонски.
Во соопштението се вели дека Чавушоглу му ја честита ѝ на својот колега Бајрамов ѝ на азербејџанскиот народ за извојуваната победа и истакна дека Турција ја споделува радоста на Азербејџан.
Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов исто така ја изрази својата благодарност до турскиот народ и до Чавушоглу кои секогаш стојат покрај Азербејџан, кои никогаш не се воздржаа да ја дадат својата поддршка и кои секогаш ја споделуваат со Азербејџан ѝ радоста ѝ болката.
Во меѓувреме, Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според добиени информации од дипломатски извори, Чавушоглу и Лавров во телефонскиот разговор го разгледаа прашањето со Нагорно Карабах.