Ибрахим Калин за „Ал Џезира“: “Муслиманскиот проблем“ на Европа и новиот секуларен крстоносен поход

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин напиша статија за информативниот сервис „Ал Џезира“ под наслов „'Муслиманскиот проблем' на Европа и новиот крстоносен поход“

1525404
Ибрахим Калин за „Ал Џезира“: “Муслиманскиот проблем“ на Европа и новиот секуларен крстоносен поход

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во својата статија под наслов „'Муслиманскиот проблем' на Европа и новиот крстоносен поход“ што ја напиша за информативниот сервис „Ал Џезира“ истакна дека онака како што во Европа во 19-от век Евреите се сметаа за проблем денеска во Европа се појави „муслимански проблем“.

Калин во својата статија ја изнесува следната констатација: „Хазрети Мухамед е најпочитуваната, најсветата личност за муслиманите независно од тоа колку местото кадешто живеат е обликувано (креирано) со секуларизмот, модернизмот, просветувањето или со технологијата. Да се почитува тоа претставува етичка и политичка задача, а не отстапка пред екстремизмот на страната на насилство.“

Нагласувајќи дека негативните движења насочени против муслиманите и исламот поставуваат поголема граница пред слободата на верувањето, плурализмот и демократијата, Ибрахим Калин рече: „И покрај тоа што францускиот претседател Емануел Макрон на изглед за спасување на 'духот на Европа' е предводник за започнување на еден секуларен крстоносен поход неговите акти биле погрешно усмерени бидејќи ја зајакнуваат раката на приврзаниците на екстремизмот за кои тврди дека го зема за цел.“

Осврнувајќи се и на карикатурите против Хазрети Мухамед подготвени од страна на француското списание „Шарли Ебдо“, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин го рече следното: „Објавувањето на недоличните и невкусни карикатури на исламскиот пејгамбер само по себе се екстремистички акт, а не одбрана на слободата на изразување.“



Слични вести