Честитки од Турција до Азербејџан за извојуваната победа во Нагорно Карабах

Честитки до Азербејџан за извојуваната победа во Нагорно Карабах испратија претседателот на Собранието Мустафа Шентоп, потпретседателот Фуат Октај, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и Министерството за национална одбрана на Турција

1525151
Честитки од Турција до Азербејџан за извојуваната победа во Нагорно Карабах

Признавањето на поразот од страна на Ерменија пред Азербејџан во Нагорно Карабах и прогласениот прекин на огнот помеѓу двете земји, е дочекано со радост и во Турција.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, извојуваната победа од страна на Азербејџан ја честита со објавување на соопштение на својот профил на социјалната медија.

Шентоп во пораката со честитка напиша: „Легитимното право и победата на Азербејџан кочечно се признаени и од страна на непријателот. Ерменија е приморана да се повлече од Карабах кого го окупира и изврши масакр, и да се предаде.“     

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во објавеното соопштение го истакна и следното: „Една трагична страница на историјата е затворена со победата за Азербејџан. Повторно се издигнаа знамето и гласот на езанот во Карабах. Славата на оваа убава ноќ да продолжи до судниот ден.“

Потпретседател Фуат Октај исто така во споделената објава на својот профил на социјалната медија го напиша следното: „Сите заедно во еден глас извикувавме со верба, Карабах е Азербејџан. Веќе Карабах е Азербејџан. Со љубов, вашата радост, нашата радост, нека се постојани џан (срце) Азербејџан.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу му честита на Азербејџан со објавено соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер и го истакна следното: „Џан (срцето) Азербејџан се стекна со голема придобивка на терен и на маса. Од сѐ срце го честитам овој честит успех. Ќе продолжиме да бидеме еден народ, едно срце, со нашите џан азербејџански браќа.“

Министерството за национална одбрана на Турција, во споделената објава на својот профил на социјалната медија исто така објави порака со честитка до Азербејџан. 

Во пораката се вели следното: „Нашите јуначки браќа ја покажаа својата сила на бојното поле и водејќи јуначка борба постигнаа победа. Лошите денови поминаа, сега е ден на победата, нека е честито!“



Слични вести