Претседателот Ердоган: „Сегашниот глобален систем не може да продолжи“
Се наоѓаме на раскрсница каде што повторно се споделуваат синџирите на снабдување, се редефинираат производствените и логистичките центри

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека сегашниот глобален систем не може да продолжи.
Во говорот на 12-та амбасадорска конференција во Претседателскиот комплекс, претседателот Ердоган рече дека годинава амбасадорите совен со нивните вообичаени должности мора да се справат и со епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), која е најголема здравствена криза во последниот век.
Во текот на овој процес имавме можност да видиме колку е слаба здравствената инфраструктура во економските развиени земји“ рече Ердоган истакнувајќи дека “Турција во овој период успешно го помина тестот“.
Претседателот Ердоган подвлече: „Не може да продолжи сегашниот глобален систем кој наместо праведните ги штити силните, наместо мнозинството штити една шапа малцинство, наместо сиромашните ги штити богатите“.
Наведувајќи дека полицентричната тенденција и регионализацијата во меѓународните односи се стекнуваат со сè поголема важност, претседателот рече:
„Се наоѓаме на раскрсница каде што повторно се споделуваат синџирите на снабдување, се редефинираат производствените и логистичките центри, се воспоставуваат нови регионални сојузи и се преобликува политичката и економската арена. Решителни сме да не направиме нешто поради што нашата земја и нашата нација ќе чувствуваат нови жалења. Со сите сили работиме нашата земја да ја направиме една од основачите на новата ера“.
Слични вести
