Претседателот Ердоган: Овој век ќе биде век кога ќе блесне уште повеќе ѕвездата на Турција

Претседателот Ердоган рече: „Турција, од процесот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе излезе многу посилна економски, политички, воено и дипломатски. Овој век, ќе биде век кога ќе блесне уште повеќе ѕвездата на Турција.“

1524055
Претседателот Ердоган: Овој век ќе биде век кога ќе блесне уште повеќе ѕвездата на Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во градот Коџаели говореше на свеченото ставање во употреба на неколку новоизградени објекти и притоа истакна дека овој век ќе биде век кога ќе блесне уште повеќе ѕвездата на Турција.

Велејќи дека секое прашање на деловниот свет го оценуваат како свое прашање и дека донесуваат решенија за тешкотиите и проблемите со коишто се соочува, Ердоган рече: „Нашите соништа најпрвин ги претвараме во проекти, а нашите проекти со текот на времето еден по еден ги претвараме во вистина. Она што го правиме го правиме за Турција.“

„Турција, од процесот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе излезе многу посилна економски, политички, воено и дипломатски“, рече претседателот Ердоган и го подвлече следното: „Овој век, ќе биде век кога ќе блесне уште повеќе ѕвездата на Турција.“

Ердоган рече: „Лично стануваме сведоци на тоа како западните земји под завесата на страста во забава и уживање се осудени на ментална сиромаштија, а заостанатите земји се осудени на сиромаштија во богатство.“

Нагласувајќи дека особено во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се дојдени во многу поуочлива состојба, изопаченостите, неправдите во западните општества, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Луѓето во најразвиените земји во светот поради тоа што не можеа да имаат пристап до здравствени услуги на уочлив начин ги изгубија своите животи (од Ковид-19). Западните земји од овој безизлез во којшто особено западнаа не ќе може да ги спаси непријателството и кон исламот и странците од кое се надеваат во последно време.“



Слични вести