Претседателот Ердоган: Им ја честитам на нашите азербејџански браќа победата во Шуша

Претседателот Ердоган на 7. Вонреден конгрес на градскиот огранок на својата владејачка АК Партија во градот Коџаели рече: „Им ја честитам на нашите азербејџански браќа победата во Шуша. Радоста на нашите азербеџајнски браќа е и наша радост.“

1523949
Претседателот Ердоган: Им ја честитам на нашите азербејџански браќа победата во Шуша

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во градот Коџаели говореше на 7. Вонреден конгрес на градскиот огранок на својата владејачка Партија за правда и развој (АК Партијата).

Претседателот Ердоган во врска со ослободувањето на градот Шуша, срцето на Нагорно Карабах, по изминати 28 години од ерменска окупација, го рече следното: „Им ја честитам на нашите азербејџански браќа победата во Шуша. Радоста на нашите азербејџански браќа е и наша радост. Ослбодувањето на Шуша е показател и за тоа дека е блиску стекнувањето со својата слобода и на останатиот дел од окупираните територии.“

Ердоган рече: „Нашите браќа кои 30 години како речиси се изоставуваат,  залажуваат од страна на тројката од Минск (Русија, Соединетите Американски Држави и Франција)  и 30 години како на масата чекаат со незнајна судбина, на крајот на целото ова трпение, велејќи ‘мен сабера зафера’ (оној кој покажува трпение пристигнува до победа), трпеа и пристигнаа до победа.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор го подвлече и следното: „Радоста на нашите азербејџански браќа кои чекор по чекор ги ослободуваат своите градови и Карабах од окупација, е и наша радост.“

 

 



Слични вести