Пораки со честитки од Турција по повод ослободувањето на Шуша

Шуша е Азербејџан. Аирлија и благословена да е победата.

1523910
Пораки со честитки од Турција по повод ослободувањето на Шуша

 

Веста за ослободувањето на Шуша, срцето на Нагорно-Карабах по период од 28 години од ерменската окупација со голема радост беше пречекана во цела Турција.

По тој повод беа споделени голем број честитки.

Претседателот на државата и претседател на Партијата за правда и развој (АК Партија) Реџеп Тајип Ердоган, во говорот на неговата партија на 7-от редовен покраински конгрес во Коџаели, во врска со ослободувањето на Шуша од ерменската окупација од страна на азербејџанската армија по 28 години рече:

„Им ја честитам победата на нашите азербејџански браќа во Шуша.

Ослободувањето на Шуша е знак дека наскоро претстои и ослободувањето на останатите окупирани територии. Нашите браќа, кои 30 години беа запоставени, измамени од тројката Минск (Русија, Соединетите Американски Држави, Франција) и на маса чекаа непозната судбина, на крајот на сето ова трпеливост, издржаа со зборовите „Стрпливиот постигнува победа“ и постигнаа победа.

Радоста на нашите азербејџански браќа кои чекор по чекор ги ослободуваат своите окупирани градови и Карабах исто така е и наша радост“ рече Ердоган.

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп, во пораката по повод ослободувањето на Шуша рече:

„Шуша е Азербејџан. Аирлија и благословена да е победата“.

Шентоп во пораката потсети на изјавата на азербејџанскиот претседател Илхам Алијев кој рече дека „По 28 години, во Шуша повторо ќе оддекне гласот на езанот“.

Потпретседателот Фуат Октај во изјавата за една емисија на еден ТВ-канал во пораката со честитки по повод ослободувањето на Шуша рече: „Воспоставувањето на доминантноста и суверенитетот е сериозен развој од аспект на Азербејџан и извор на голема радост“.

Во пораката преку профилот на Твитер, Октај рече:

 „Шуша е ослободена од ерменската окупација. Среќна и благословена победа, драг брате“.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во пораката истакна: „Честитки за ослободувањето на Шуша, културната престолнина и древен град на Азербејџан.

На денот на знамето, славното азербејџанско знаме ќе се вее во Шуша, никогаш повеќе да не се симне. Живеј среќен Азербејџан со вашето тробојно знаме!“

Портпаролот на Партијата за правда и развој Омер Челик во пораката рече: „Азербејџанската армија го ослободи градот Шуша, кој има клучно значење за ослободувањето на Нагорно Карабах од окупацијата“ и „ Честитки за победата на братски Азербејџан. Честитки за победата во Шуша. Навистина многу сме среќни“.

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин во пораката со честитки рече: „Нека бидат благословени вашите нови победи и аирлија и со среќа нека е ослободувањето на Шуша“.

Директорот на дирекцијата за комуникации при претседателството Фахретин Алтун, надоврзувајќи се на пораката на потпретседателот на Азербејџан Хикмет Хаџиев, „Благодарам, брат Турција“ рече: „Нека нашите знамиња се веат вечно на небото и нека остане вечно нашето единство и солидарност, драг мој брате“.



Слични вести