Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот грчки колега Никос Дендиас

Според добиени информации од дипломатски извори, двајцата шефови на дипломатии Чавушоглу и Дендиас во телефонскиот разговор направија проценка на начинот на којшто ќе се одржат понатамошните разговори помеѓу двете земји

1524023
Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот грчки колега Никос Дендиас

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас.

Според добиени информации од дипломатски извори, двајцата шефови на дипломатии Чавушоглу и Дендиас во телефонскиот разговор направија проценка на начинот на којшто ќе се одржат понатамошните разговори помеѓу двете земји.

На 1 масрт 2016 година во главниот град на Грција, Атина, се одржа 60-тата рунда последна рунда од експлораторските (истражувачките) разговори за зближување помеѓу Турција и Грција кои беа започнати во 2002.

Овие разговори кои беа суспендирани од страна на тогашната грчка Влада, по овој датум беа продолжени во формат на политички консултации, меѓутоа не беа вратени на експлораторска (истражувачка) рамка.

Пред извесно време беше соопштено дека 61-вата рунда од експлораторските разговори помеѓу двете земји ќе се одржат во Истанбул.



Слични вести