Кулата Ќучук Чамлиџа во Истанбул осветлена со знамињата на Турција и Азербејџан
Кулата за радио и телевизија Ќучук Чамлиџа како една од симбол зградите на Истанбул вчера во вечерните часови беше осветлена во црвено-бела боја со полумесечина и ѕвезда и сино-црвено-зелена боја со полумесечина и ѕвезда.
1523885

Кулата за радио и телевизија Ќучук Чамлиџа во Истанбул, со височина од 369 метри со што е највисоката радио и телевизиска кула на Европа, синоќа беше осветлена со знамињата на Турција и Азербејџан.
Кулата за радио и телевизија Ќучук Чамлиџа како една од симбол зградите на Истанбул вчера во вечерните часови беше обоена во црвено-бела боја со полумесечина и ѕвезда и со сино-црвено-зелена боја со полумесечина и ѕвезда.
Спиралните LED светла на кулата засветеа со знамињата на Турција и Азербејџан.
Овој визуелен спектакл на кулата којшто можеше да се види од голем број места на Истанбул беше сниман и сликан со мобилни телефони од страна на голем број Истанбулчани.