Претседателот Ердоган: Азербејџан се приближува до победа

Претседателот Ердоган истакна дека Азербејџан кој води борба за ослободување на своите територии окупирани од страна на Ерменија, се приближува до победа

1523747
Претседателот Ердоган: Азербејџан се приближува до победа

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во градот Кахраманмараш говореше на 7. Вонреден конгрес на градскиот огранок на својата владејачка Партија за правда и развој (АК Партијата) кадешто истакна дека секогаш работеа во насока којашто им е покажана од страна на народот, на патот на правдата, правото и вистината.

„Не се воздржавме да застанеме покрај нашите пријатели, од извикување на вистината пред лицето на оние кои се обидуваат нашата цивилизација и нашата географија да ги загушат во експлоатација, крв и солзи. Во Сирија, во Либија не има нас, и сега не има во Азербејџан.“ - рече Ердоган.

Претседателот Ердоган се осврна на успесите коишто ги постигнува Азербејџан во борбата што ја води против Ерменија и истакна дека Азербејџан кој води борба за ослободување на своите територии окупирани од страна на Ерменија, се приближува до победа.

Тој рече: „Утрово разговаравме со мојот брат Илхам Алиев (претседателот на Азербејџан). Откако ги слушнав позитивните случувања од него бев радосен. Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) се приближуваме до победа. (Азербејџан) 30 години останаа одделни од своите територии под окупација. Меѓутоа, сега Иншаллах се стекнуваат со своите територии кои се окупирани.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека ќе продолжат да стојат против тираните во Либија, во Азербејџан, во Сирија.

Велејќи дека на 15-ти овој месец ќе ја посетат и затворената област Мараш во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), претседателот Ердоган го подвлече следното: „Таму лично ќе го доживееме нашето единство како татковина-малечка татковина и ќе го презентираме тоа.“



Слични вести