Мевлут Чавушоглу во Анталија се состана со своите колеги од БиХ и Хрватска, Бисера Турковиќ и Гордан Грлиќ Радман
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анталија оствари одделни средби со своите колеги од БиХ и Хрватска, Бисера Турковиќ и Гордан Грлиќ Радман


Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржа вчера во туристичкото одморалиште Белек во Анталија се состана одделно со министрите за надворешни работи на Босна и Херцеговина и Хрватска, Бисера Турковиќ и Гордан Грлиќ Радман.
Чавушоглу на средбата со министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ истакна дека ќе продолжи силната поддршка на стабилноста и целовитоста на Босна и Херцеговина.
На билатералната средба беа потпишани и два меморандуми за разбирање во врска со соработката во сферите на дипломатската архива и протоколот.
Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: "Ќе продолжи нашата силна поддршка на стабилноста и целовитоста на Босна и Херцеговина.
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу имаше средба и со министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ Радман.
Чавушоглу во врска со оваа средба на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека со својот хрватски колега направиле проценка на билатералните односи и регионални прашања.
Чавушоглу го напиша следното: "Сакаме да формираме заедничка економска и трговска комисија, како и да ја заживееме мешовитата економска комисија."