Во операции во северните делови на Ирак и Сирија се неутрализирани двајца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во областа Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак и во подрачјето на операцијата Извор на мирот во сверниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи на ПКК/ЈПГ

1522915
Во операции во северните делови на Ирак и Сирија се неутрализирани двајца терористи

Во областа Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак и во подрачјето на операцијата Извор на мирот во сверниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да реализираат напади во наведените области.

Министерството за национална одбрана, во врска со реализираните операции против сепаратистичко-терористичката организација објави соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Во соопштението се вели следното: „Од страна на нашите командоси се неутрализирани еден терорист на ПКК кој беше утврден со летала за извидување и набљудување во областа Авашин-Бајсан во северниот дел на Ирак кој се подготвувал за напад и еден терорист на ПКК/ЈПК кој се обиде да изврши напад во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија.“

 



Слични вести