Мевлут Чавушоглу во Анталија се состана со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на маргините на состанокот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа во Анталија се состана со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи

1523369
Мевлут Чавушоглу во Анталија се состана со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи
Mevlüt Çavuşoğlu Kuzey Makedonya Dışişleri Bakanı Buyar Osmani Antalya2.jpg
Mevlüt Çavuşoğlu Kuzey Makedonya Dışişleri Bakanı Buyar Osmani Antalya1.jpg
Mevlüt Çavuşoğlu Kuzey Makedonya Dışişleri Bakanı Buyar Osmani Antalya3.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на маргините на неформалниот состанок на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (SEECP или ПСЈИЕ) во Анталија имаше и билатерални средби со своите колеги на земјите членки на оваа регионална иницијатива.

Во тие рамки, Чавушоглу се состана и со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи.

Двајцата шефови на дипломатии,  Чавушоглу и Османи разговараа за соработката во областите на економијата, образованието, одбраната, културата, туризмот, како и за борбата против тероризмот и сите форми на екстремизам.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, ја потврди подготвеноста за зајакнување на соработката на билатерален план, на регионалната соработка, како и во интегративните процеси.

Чавушоглу особено се осврна на значењето од интензивирање на економската соработка и интересот на потенцијалните турски инвестиции на македонскиот пазар, кадешто веќе се остваруваат видливи резултати.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер по остварената средба истакна дека му честита на Бујар Османи за неговото наименување за нов министер за надворешни работи на пријателска Северна Македонија.

„Повторно му честитавме на министерот за надворешни работи на пријателска Северна Македонија Бујар Османи поради неговата нова должност. Ќе ја развиеме уште повеќе нашата соработка во секоја сфера, а поготово во борбата против тероризмот и одбраната. Ќе работиме заедно за зголемување на нашиот трговски обем на 1 милијарда долари.“

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, го запозна својот домаќин со приоритетите за време на неговиот мандат како министер за надворешни работи, а беше ставено акцент поготово на посветеноста на добрососедските односи со земјите од поблиското и поширокото соседство, како определба за посилна кохезија и синергија на регионалната соработка и стабилност.

„Негуваме традиција на долго и блиско пријателство. Република Турција е силен економски партнер на нашата земја и во таа насока гледаме можности за продлабочување на соработката“ - истакна Османи.

За време на разговорот, Османи се заблагодари за континуираната поддршка која доаѓа од Република Турција за членството на Северна Македонија во евро-атлантските структури, при што го подвлече следното: „Убеден сум дека јасна и недвосмислена перспектива на сите земји од регионот за членство во ЕУ е вистинскиот механизам и единствената алтернатива за трајна стабилизација нa земјите од Југоисточна Европа“.

 



Слични вести