Чавушоглу: Популизмот, расизмот и непријателството кон исламот ги еродираат вредностите на ЕУ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека движењата како што се популизмот, расизмот и непријателството кон исламот коишто се во подем во Европа ги еродираат вредностите кои ги претставува Европската унија (ЕУ)

1523091
Чавушоглу: Популизмот, расизмот и непријателството кон исламот ги еродираат вредностите на ЕУ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу говореше на отворањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP) што се одржува во Анталија.

Чавушоглу во оваа пригода рече дека движењата како што се популизмот, расизмот и непријателството кон исламот коишто се во подем во Европа ги еродираат вредностите кои ги претставува Европската унија (ЕУ).

Истакнувајќи дека процесот на интеграција со ЕУ беше предводник на промените и развојот за голем број регионални земји, а особено во 1990-тите години и почетокот на 2000-тите години, Чавушоглу подвлече дека Турција, како земја која ја воспостави интеграцијата со ЕУ во бројни сфери, посакува Унијата да биде успешна во правец на идеалите од времето на нејзиното формирање, односно да биде интегративна, а не дискриминирачка.

„Поготово движењата како што се популизмот, расизмот и непријателството кон исламот коишто се во подем во Европа, ги еродираат вредностите коишто ги претставува самата ЕУ.“ - рече  порача министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.



Слични вести