Чавушоглу: Кој и да биде избран ќе приоѓаме на ист начин и кон новата американска администрација

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со претседателските избори во САД рече: „Кој и да биде избран во САД, ние ќе приоѓаме на ист начин и кон новата администрација на САД, онака како што приоѓаме кон било која друга земја“

1523236
Чавушоглу: Кој и да биде избран ќе приоѓаме на ист начин и кон новата американска администрација

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу говореше на неформалниот состанок на Министрите за надворешни работи на процесот за соработка во Југоисточна Европа ((SEECP) во Анталија истакна дека кој и да биде избран (во САД) ќе се приоѓа на ист начин и кон новата американска администрација.

Осврнувајќи се на претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), Чавушоглу во својот говор го рече следното: „Кој и да биде избран во САД, ние ќе приоѓаме на ист начин и кон новата администрација на САД, онака како што приоѓаме кон било која друга земја. Нашите односи со САД ги оценуваме како надпартиски или надполитички.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу направи проценка и на воведената цензура на еден цртан роман во кој се исмејува францускиот министер за образование (Жан-Мишел Бланкие), а од друга страна на дозволувањето на оние погрдни карикатури во врска со муслиманскиот божји пратеник Хазрети Мухамед.

Чавушоглу го истакна следното: „Тоа е добар пример за лицемерноста и двојниот стандард. Ние сме против секој вид дискриминација, расизам. И сите нив ги оценуваме како злосторство против човештвото.“, 



Слични вести