Министерот Албајрак: Бродот за дупчење “Фатих“ ги започна своите пребарувања во лежиштето Туркали-1

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „За многу походи, за многу победи! Нашиот брод за дупчење (сондажа) 'Фатих' ги започна своите пребарувања во лежиштето Туркали-1. Нека е аирлија.“

1522601
Министерот Албајрак: Бродот за дупчење “Фатих“ ги започна своите пребарувања во лежиштето Туркали-1

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со започнувањето на работите на бродот за дупчење (сондажа) „Фатих“ за пребарување во лежиштето Туркали-1, во Црното Море.

Министерот Албајрак на својот профил ја сподели следната изјава на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез: „Фатихот (освојувачот) на Црното Море ја заврте својата дупчалка. По подготвителните работи почнавме со дупчење во лежиштето Туркали-1. Нашето дупчење ќе трае 75 дена. Нека е со берикет.“

„За многу походи, за многу победи! Нашиот брод за дупчење (сондажа) 'Фатих' ги започна своите пребарувања во лежиштето Туркали-1. Нека е аирлија.“ - напиша министерот за трезор и финансии Берат Албајрак на својот профил на социјалната мрежа Твитер.



Слични вести