Во Егејското Море во близина на Чанаккале фатени 102 илегални мигранти

Во водите на Егејското Море во близина на населеното место Езине кај градот Чанаккале е сопрен чамец на кој се наоѓаа 102 илегални мигранти

1521699
Во Егејското Море во близина на Чанаккале фатени 102 илегални мигранти

На чамец којшто бил сопрен во водите на Егејското Море во близина на населеното место Езине кај градот Чанаккале се фатени 102 илегални мигранти кои се обидувале да заминат за грчкиот остров Мидилли (грчки Лезбос).

По добиени информации дека на еден чамец во Егејското Море во близина на Кумбурну има странски илегални мигранти се испратени екипи на Командата на крајбрежната стража на Турција.

Притоа на чамецот се фатени 102 мигранти и едно осомничено лице кое го организирало преминот и мигрантите се извадени на копно.

Фатените илегални мигранти по законските постапки беа испратени во Центарот за странци за враќање назад во Ајваџик.



Слични вести