Турската војска ќе продолжи да остане во Либија се додека тоа го бара Вадата на национално единство

На состаноците на воениот комитет 5+5 во градот Гадамис во југозападниот дел на Либија е постигнат компромис во врска со конкретните чекори коишто ќе бидат фрлени за применување на договорот за траен прекин на огнот во земјата

1521843
Турската војска ќе продолжи да остане во Либија се додека тоа го бара Вадата на национално единство

Како што се истакнува турската војска (Мехметчик) ќе продолжи да останува во Либија се додека тоа го бара Владата на национално единство.

На состаноците на воениот комитет 5+5 во градот Гадамис во југозападниот дел на Либија е постигнат компромис во врска со конкретните чекори коишто ќе бидат фрлени за применување на договорот за траен прекин на огнот во земјата.

Безбедносни извори, во направената проценка во однос на состанокот и донесените одлуки истакнаа дека се на страната на независна, суверена и просперитетна Либија под водство и во сопственост на Либијците, во чии рамки без исклучок ќе бидат опфатени сите либиски граѓани и ќе бидат воспоставени територијалниот интегритет и националното единство на земјата. 

Исти извори велат дека Турција има за цел да се воспостават територијалниот интегритет, мирот и стабилноста на Либија и го додаваат следното: „Турција застанува во одбрана на тоа дека решавањето на кризата во Либија поминува од политички процес којшто ќе се води помеѓу Либијците и ќе биде присвоен од страна на Либијците, а во правец на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите мации (СБ на ОН). Секој фрлен чекор во оваа насока и секој позитивен развој се дочекува со задоволство.“

Безбедносните извори нагласуваат дека легитимната влада на Либија е Владата на национално единство и го подвлекуваат следното: „Ние како Турција се наоѓаме во Либија на покана на Владата на национално единство и се додека продолжи барањето на Владата на национално единство ќе продолжиме да се наоѓаме во Либија и да ќе продолжиме да и даваме поддршка во обуката, здравството, хуманитарната помош и воената консултантска поддршка, а во усогласеност со договорите коишто се потпишани и ставени во примена помеѓу Турција и легитимната влада на Либија.“



Слични вести