Сергеј Лавров: Турција и Русија ќе продолжат да работат заедно по прашањето на Нагорно Карабах

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека Русија и Турција ќе продолжат да работат заедно по прашањето на Нагорно Карабах

1521339
Сергеј Лавров: Турција и Русија ќе продолжат да работат заедно по прашањето на Нагорно Карабах

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за рускиот весник „Комерсант“ направи проценка на билатералните односи помеѓу Русија и Турција и на ситуацијата во Нагорно Карабах.

Лавров истакна дека Русија и Турција ќе продолжат да работат заедно по прашањето на Нагорно Карабах.

Велејќи дека двете земји работат по прашањето на изнаоѓање решение за присутните кризи во различни делови на светот, Сергеј Лавров ја изнесе следната констатација: „Москва и Анкара, се блиски партнери коишто можат да презентираат флексибилен и прагматичен приод и да делуваат со стратешка визија во меѓусебна интеракција.

Лавров напомена дека прашањето со Нагорно Карабах е различно и нагласи дека неговата земја не го поддржува решавањето на ситуацијата во овој регион по пат на сила.

Привлекувајќи внимание на значењето од формирање на механизмите коишто ќе ја воспостават контролата на постигнатите договори за прекин на огнот, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече: „И покрај тоа што веднаш не може да се постигне траен прекин на огнот, ќе продолжиме да го искористиме нашето целосно влијание во регионот за воспоставување на дијалогот помеѓу страните и седнување на преговарачката маса на Баку и Ереван, а воедно ќе продолжиме да работиме со нашите турски партнери.“

Лавров истакна дека чувствуваат загриженост од интернационализација на прашањето со Нагорно Карабах и исппраќање во регионот на милитанти од Блискиот исток, а воедно напомена дека тоа го изнесоа и на остварените разговори со Ерменија, Азербејџан и Турција.



Слични вести