Претседателот на ЈТБ Абдуллах Ерен: Светот остана безгласен пред ерменските напади врз азербејџанските цивили

Претседателот на Претседателството за Tурците во странство и роднински заедници (ЈТБ или YTB) Абдуллах Ерен го посети градот Генџе кадешто истакна дека нападите на Ерменија врз азербејџанските цивили никако не наидоа на реакција кај светската јавност

1521779
Претседателот на ЈТБ Абдуллах Ерен: Светот остана безгласен пред ерменските напади врз азербејџанските цивили

Претседателот на Претседателството за Tурците во странство и роднински заедници (ЈТБ или YTB) Абдуллах Ерен и делегацијата во негова придружба во рамките на посетата на Азербејџан го посетија градот Генџе кој беше цел на нападите извршени од страна на Ерменија во кои загинаа голем број цивили, а голем број беа ранети.

Абдуллах Ерен истакна дека нападите на Ерменија врз азербејџанските цивили никако не наидоа на реакција кај светската јавност.

Претседателот на ЈТБ Абдуллах Ерен заедно со претседателот на Комитетот за дијаспора на Азербејџан Фуад Мурадов, валијата на Генџе Нијази Бајрамов и генералниот конзул на Турција во Генџе Зеки Озтурк го посетија градот Генџе (Ганџа или Гања) кадешто во реализираните напади од страна на Ерменија со балистички ракети загинаа 26 цивили.

Овде беа оставени каранфили на местото на срушените згради во ерменските напади и беа читани дови (молитви) за загинатите.

Во говорот што го одржа овде, претседателот на Претседателството за Tурците во странство и роднински заедници (ЈТБ или YTB) Абдуллах Ерен истакна дека од почетокот на војната (27 септември) досега се реализирани приближно 13 напади врз цивилни населени места.

Велејќи дека во градот Генџе се измасакрирани невини цивили, Ерен рече: „Децата останаа без својата мајка, својот татко. Имаше луѓе кои ги изгубија своите деца. Загинаа жени, старци.“

Абдуллах Ерен напомена дека местото коешто беше погодено од страна на Ерменија со ракети беше во потполност цивилно населено место и го рече следното: „Нападот е извршен врз цивилите за застрашување на Азербејџан.“

Потсетувајќи дека овие напади никако не наидоа на реакција кај светската јавност, Ерен рече: „На светот повторно му раскажаа ТРТ Ворлд (TRT World), ТРТ Арапски, новинската Агенција Анадолија „АА“. Раскажаа емисиите на „АА“ на англиски јазик. Раскажаа информативните канали во Турција. Но, доколку овие цивилни загуби беа на страната на Ерменија, како така со уште поголемо драматизирање, додавајќи ја и перцепцијата, сето тоа ќе го сервираа на светската јавност. Ова е вистина којашто произлегува и му е донесена на светот малку и од тоа што сме Турци муслимани. Оштетени и угнетени сте вие, меѓутоа вашиот глас не се случа колку оние кои не се во право.“

Претседателот на Претседателството за Tурците во странство и роднински заедници (ЈТБ или YTB) Абдуллах Ерен, го додаде и тоа дека од почетокот на војната Турција на секој начин е покрај Азербејџан.

 



Слични вести