Претседателот Ердоган: „Нашата економија влезе во процес на брзо опоравување и годината ќе ја завршиме со позитивен раст

Претседателот Ердоган рече: „Нашата економија која влезе во процес на брзо опоравување верувам оти овој свој тренд ќе го продолжи и во четвртиот квартал и годината ќе ја завршиме со позитивен раст“

1521257
Претседателот Ердоган: „Нашата економија влезе во процес на брзо опоравување и годината ќе ја завршиме со позитивен раст

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет истакна дека економијата која влезе во процес на брзо опоравување верувам оти овој свој тренд ќе го продолжи и во четвртиот квартал и годината ќе ја заврши со позитивен раст.

Ердоган рече дека и покрај тоа што вториот квартал од годината во економијата помина под сенката на новиот тип коронавирус (Ковид-19) кога ќе се направи споредба со другите земји ќе се увиде дека е доживеано ограничено стеснување.

Велејќи дека во третиот квартал од годината пак со донесените правилни одлуки и структурата којашто доби имунитет на шокови е доживеано силно опоравување, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното:

"Влева надеж за нашата иднина тоа што Турција постигна еден ваков подем во периодот на епидемијата кога во мошне сериозен процент опадна извозот на развиените земји и земјите во развој. /... / Овој тренд на нашата економија којашто во споредба со другите земји е влезена во процес на брзо опоравување, верувам дека ќе продолжи и во четвртиот квартал и Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) годината ќе ја завршиме со позитивен раст. Ако сите заедно истрпиме и многу работиме отсега гледаме дека пред нас се наоѓа една светла иднина."



Слични вести