Претседателот Ердоган: Искрено го осудувам нападот во австрискиот главен град Виена

Претседателот Ердоган истакна дека искрено го осудува крвавиот напад којшто беше доживеан прексиноќа во австрискот главен град Виена и рече: „Ги доставувам моите желби за пребродување на последиците и го изразувам моето сочувство до австрискиот народ“

1521266
Претседателот Ердоган: Искрено го осудувам нападот во австрискиот главен град Виена

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет истакна дека искрено го осудува крвавиот напад којшто беше доживеан прексиноќа во главниот град на Австрија, Виена.

Претседателот Ердоган рече: „Независно од тоа од чија страна се извршени апсолутно (никако) не можат да се одобрат овие видови напади. Ги доставувам моите желби за пребродување на последиците и го изразувам моето сочувство до австрискиот народ.“ 

Велејќи „Дел од европските земји ги присилуваат границите дури до наново дефинирање на исламот според себе и до обид за негово наново обликување“, Ердоган потсети дека денеска во светот живеат 2 милијарди 400 милиони христијани, 1 милијарда 900 илјади муслимани и 1 милијарда 800 илјади припадници на индуси, будисти и шинто верувањето.

Претседателот Ердоган укажа на тоа дека во споредба со пред 70 години има голем отскок во усмерувањето на луѓето кон исламот и дека процентот на муслиманите меѓу населението на некои европски земји во кои претходно речиши немаше муслимани, денеска достигна до 10 отсто од населението. 

Ердоган напомена дека на ист начин не може да се спречи ширењето на исламот на една пространа географија од Африка до Југоисточна Азија и од Америка до Австралија.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган подвлече дека овој развој се доживува во еден процес кога муслиманите во секоја сфера  се угнетувани, оставани да назадуваат, експлоатирани, залудно им се троши енергијата со внатрешни судири.



Слични вести