Од Чавушоглу до Европа: Очекуваме истата емпатија да се покаже и по прашањето на тероризмот на ПКК

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека се очекува истата чувствителност којашто се покажува кон масакрираните луѓе минатата недела во Франција, а пред два дена во Виена, да се покажува и кон тероризмот на ПКК

1521738
Од Чавушоглу до Европа: Очекуваме истата емпатија да се покаже и по прашањето на тероризмот на ПКК

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу говореше на 130. состанок на Министерскиот комитет на Советот на Европа што се одржа преку видео-конференција. 

Чавушоглу во својот говор рече: „Ги осудуваме варварските терористички напади во кои минатата недела во Франција, а пред два дена во Виена ги измасакрираа невините луѓе. Истовремено очекуваме истата импатија да се покаже и кон тероризмот на ПКК од чија страна се масакрирани илјадници цивили.“

Укажувајќи дека некои политички фигури исто како и претходно донесуваат погрешни заклучоци, Чавушоглу рече: „Тероризмот нема своја религија, свој идентитет и своја расна припадност. Ништо не може да го легитимизира насилството или посегнувањето по животот (убивањето) на луѓето.“ 

Тој напомена дека и се придава вредност на слободата на изразување како еден од камен темелниците на демократијата и го подвлече следното: „Меѓутоа, зацрнувањето на најсветите вредности на било која религија не може да се прикажува како слобода на изразувањето.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својот говор потсети и на следните зборови на поранешниот француски претседател Жак Ширак во 2006 година: „Слободата на изразување и покрај тоа што е едниот од камен темелниците на Републиката, Републиката истовремено се потпира на вредностите на почитување на толеранцијата и сите верувања. Треба да се избегнува од се коешто ќе им наштети на верувањата на другите, особено на верските убедувања. Слободата на изразување треба да се извршува со духот на одговорност. Ја осудувам секој вид провокација којашто ќе ги поттикне на опасен начин гневовите.“

Укажувајќи дека да се инсистира во спротивното ќе ги продлабочи поделбите помеѓу општествата и ќе го храни радикализмот, Чавушоглу проектирањето (прикажувањето) на карикатурите во врска со Хазрети Мухамед на јавните згради во Франција и обидите за палење на светата муслиманска книга Курбан-и Керим ги наброи како примери со несреќна околност.

Министерот Чавушоглу, велејќи „треба да ја откриеме наново културата на соживот во Европа“, нагласи дека Советот на Европа треба да одигра предводничка улога во оваа сфера.

Велејќи дека со задоволство го дочекуваат назначувањето на специјален претставник од страна на Советот на Европа за борба против злосторства од омраза против антисемитизмот и непријателството кон муслиманите, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека се надева оти и работите на Комисијата против расизмот и нетолеранцијата на Советот на Европа (ECR) ќе обезбеди да се врати назад оваа тенденција да се врати назад.



Слични вести