Бројот на човечките загуби во земјотресот во Измир се зголеми на 114 лица

Бројот на загинатите во земјотресот во Измир се зголеми на 114 лица, 1.035 лица се повредени од кои 898 се излекувани и отпуштени од болница, а продолжува лекувањето на 137 повредени лица

1521305
Бројот на човечките загуби во земјотресот во Измир се зголеми на 114 лица

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи соопшти дека бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер што се случи во петокот (30 октомври) во градот Измир се зголеми на 114 лица, 1.035 лица се повредени од кои 898 се излекувани и отпуштени од болница, а продолжува лекувањето на 137 повредени лица.

Од рушевините на срушените згради се извлечени живи и спасени 107 лица.

Завршија работите за пребарување и спасување во сите 17 повеќеспратни згради кои беа срушени во земјотресот.

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека во погоденото подрачје се регистрирани повеќе од 1.713 последователни потреси од кои 45 со јачина од над 4 степени по Рихтер.

На 30 октомври, во петок попладне во 14:51 часот по локално време, се случи земјотрес во Егејското Море на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар кај градот Измир.

Земјотресот на длабочина од 16,54 километри беше почувствуван во едно широко подрачје на градот Измир и околината, како и на грчките острови во Егејското Море на чело со островот Сисам (грчки Самос).

Најмногу беа погодени општините Бајракли и Борнова во Измир каде што 17 згради се срушени, а голем број згради се тешко или полесно оштетени.

 



Слични вести