Уште едно чудо од земјотресот во Измир: По 91 час извлечено живо 4 годишно девојче

По изминати 91 час од земјотресот во Измир, од рушевините на зградата „Риза Беј“ во Бајракли, е извлечено и спасено живо 4 годишното девојче Ајда Гезгин, со што е остварено е уште едно чудо

1520708
Уште едно чудо од земјотресот во Измир: По 91 час извлечено живо 4 годишно девојче
ayla 2.jpg
İzmir Ayla.2.jpg
ayla gezgin.jpg
ayla deprem izmir.jpg
Ayla1.jpg
Ayla2.jpg
Ayla3.jpg
Ayla4.jpg
Ayla6.jpg
Ayla7.jpg
Ayla10.jpg
Ayla11.jpg

Од работите за пребарување и спасување коишто непрекинато продолжуваат во рушевините на срушените згради во земјотресот во Бајракли во Измир, пристигна уште една радосна вест.

По изминати 91 час од земјотресот, од рушевините на зградата „Риза Беј“ во Бајракли, е извлечено и спасено живо 4 годишното девојче Ајда Гезгин, со што е остварено е уште едно чудо.

Екипите  за пребарување и спасување со аплаузи и со солзи во очите го извадија и спасија од рушевините на срушената повеќеспратна зграда 4 годишното девојче Ајда.

Спасеното девојче е ставено во носилка, им е предадено на здравствените екипи од чија страна со амбулантно возило е префрлено во болница.

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум информира дека здравствената состојба на 4 годишната Ајда е добра и дека е префрлена во болница.

Вчера исто така по изминатите 65 часа од земјотресот се случи чудо и од рушевините на едната од срушените згради беше извлечено и спасено живо тригодишното девојче Елиф Перинчек.

Расте бројот на жртвите од земјотресот

Според објавеното соопштение од Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи, бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер што се случи во петокот (30 октомври) во градот Измир се зголеми на 111 лица, 1.027 лица се повредени од кои 883 се излекувани и отпуштени од болница, а продолжува лекувањето на 114 повредени лица.

Во земјотресот се срушени 17 повеќеспратни згради од кои во 13 згради се завршени работите за пребарување и спасување, а непрекинато продолжуваат работите во 4 згради кадешто се уште има затрупани граѓани.

Досега од рушевините на срушените згради се извлечени живи и спасени 107 лица.

Во соопштението на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) се истакнува дека во погоденото подрачје се регистрирани повеќе од 1.600 последователни потреси од кои 44 со јачина од над 4 степени по Рихтер.

 



Слични вести