МНР на Турција жестоко го осуди терористичкиот напад во австрискиот главен град Виена

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Жестоко го осудуваме нападот, на семејствата на загинатите им изразуваме сочувство, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување“

1520895
МНР на Турција жестоко го осуди терористичкиот напад во австрискиот главен град Виена

Министерството за надворешни работи на Турција остро го осуди вооружениот терористички напад синоќа во главниот град на Австрија, Виена.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дознаено за веста за загинати и ранети во терористичкиот напад што се случи во австрискиот главен град Виена.

Во соопштението на Министерството се вели следното: „Жестоко го осудуваме нападот, на семејствата на загинатите им изразуваме сочувство, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување. Турција која со децении води борба против секој вид тероризам во ова тешко време е во солидаризација со австрискиот народ.“

Во реализираниот вооружен напад вчера во австрискиот главен град Виена животот го загубија 4 лица, а најмалку 17 лица се ранети.



Слични вести