Бродот за дупчење „Фатих“ пристигна во лежиштето Туркали-1 во Црното Море кадешто ќе врши ископувања

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството преку социјалната мрежа Твитер се истакнува дека бродот за дупчење (сондажа) „Фатих“ ќе врши ископувања во првото откриено лежиште Туркали-1

1520908
Бродот за дупчење „Фатих“ пристигна во лежиштето Туркали-1 во Црното Море кадешто ќе врши ископувања

Министерството за енергија и природни ресурси соопшти дека бродот за дупчење (сондажа) „Фатих“ пристигна во лежиштето Туркали-1 во Црното Море кадешто ќе врши ископувања.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството преку социјалната мрежа Твитер се истакнува дека бродот „Фатих“ ќе врши ископувања во првото откриено лежиште Туркали-1 и се вели следното: „Фатих бараше, најде. Ѝ сега ќе врши ископувања во првото откриено лежиште. Дупчалката ќе се врти во Туркали1.“

Инаку, првиот домашен брод за дупчење (сондажа) на Турција „Фатих“ по своите реализирани активности за истражување на резерви на природен гас во Црното Море на 19 октомври за одржување и снабдување со неопходните потреби се укотви во близина на месноста Филјос во населеното место Чајџума, кај градот Зонгулдак.



Слични вести