Второ чудо во земјотресот во Измир

65 часа по земјотресот во Сеферихисар кај Измир беше спасено 3 годишното девојче Елиф Перинчек

1520042
Второ чудо во земјотресот во Измир

65 часа по земјотресот во Измир, се случи уште едно чудо ...

3-годишното девојче Елиф Перинчек повредено беше извадено од под урнатините.

Бебето Елиф, кое беше префрлено на лекување во болница, беше 106-то лице кое беше спасено од урнатините.

Околу 58 часа по земјотресот, 14-годишната Идил Ширин беше спасена од урнатините. Здравствената состојба на Ширин, која е на лекување е добра.

Во петокот, во 14:51 часот според локално време во Егејското Море на 17 километри од градот Сеферихисар кај Измир се случи земјотрес со јачина од 6,6 степени.

Според информациите, беше утврдено дека земјотресот се случил на длабочина од 16,54 километри.

Бројот на загинати во земјотресот се искачи на 83.



Слични вести