Турција уште еднаш ја повика Грција на дијалог без предуслови

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој го рече следното: „Нашата земја ќе ги продолжи своите активности во регионот во рамките на нејзините права коишто произлегуваат од меѓународното право“

1519868
Турција уште еднаш ја повика Грција на дијалог без предуслови

Турција уште еднаш ја повика Грција на дијалог без предуслови.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој во врска со активностите на Турција за реализирање на сеизмички истражувања во Источниот Медитеран го рече следното: „Нашата земја ќе ги продолжи своите активности во регионот во рамките на нејзините права коишто произлегуваат од меѓународното право.“

Хами Аксој истакна дека грчкото Министерство за надворешни работи вчера објави уште едно соопштение во кое ги повтори своите неосновани тврдења во врска со активностите за сеизмисчки истражувања коишти ги продолжува Турција во сопствениот континентален гребен во Источниот Медитеран, а воедно напомена дека залудно е тоа што Грција ослонувајќи се на нејзините максималистички тврдења по секој објавен „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) приговара на активностите на Турција.

Велејќи дека Турција е спремна за соработка со Грција и за решавање на проблемите помеѓу двете земји преку дијалог, портпаролот Аксој ја изнесе следната констатација: „Секако со одлучност ќе продолжат да се бранат легитимните права и интереси на нашата земја и на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).“

Хами Аксој подвлече дека она што се очекува од Грција е наместо да ја овинува Турција со неосновани тврдења и да им се жали на трети страни како што прави секогаш, треба да избегнува од фрлање на чекори за зголемување на тензијата во регионот, да придонесува за создавање на погодна средина за преговори и да ја соопшти својата спремност за разговори.

„По тој повод, уште еднаш ја повикуваме Грција на дијалог со нашата земја без предуслови, за разгледување како на прашањето на морските сфери на надлежност во Источниот Медитеран, така и на другите прашања коишто ги засегаат двете земји.“ - рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој.

 



Слични вести