Претседателот Ердоган: Европските муслимани се соочуваат со систематска дискриминациј, им се одземаат правата и слободите

Претседателот Ердоган во видео пораката до Дигиталниот самит на лидерите под наслов „Геноцид: Научени лекции од Сребреница“ истакна дека европските муслимани се соочуваат со систематска дискриминација и дека им се одземаат правата и слободите

1519828
Претседателот Ердоган: Европските муслимани се соочуваат со систематска дискриминациј, им се одземаат правата и слободите

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати видео порака до Дигиталниот самит на лидерите под наслов „Геноцид: Научени лекции од Сребреница“, организиран од страна на Меморијалниот центар во Сребреница и Фондацијата Сикамор со поддршка на Одделот за комуникации на претседателството, а по повод одбележувањето на 25 годишнината од почетокот на преговорите од Дејтонскиот мировен договор со кој на 1 ноември 1995 година беше ставено крај на војната и геноцидот во Босна и Херцеговина.

Претседателот Ердоган во видео пораката истакна дека европските муслимани се соочуваат со систематска дискриминација и дека им се одземаат правата и слободите.

Нагласувајќи дека геноцидот што се случи во Сребреница, во срцето на Европа, е врежан како црна дамка во историјата на човештвото, Ердоган рече: „Иако од тогаш помина четвртина век, ние сè уште ја чувствуваме во нашите срца болката за нашите 8.372 браќа и сестри Бошњаци кои беа ѕверски убиени. По тој повод, уште еднаш се потсеќам со милост за нашите честити шехиди (загинати), го изразувам моето сочувство до семејствата на жртвите на геноцидот и до бошњачкиот народ.“

Претседателот Ердоган напомена дека земјите кои му одржуваат лекција на светот по прашањето на човековите права и демократијата, денеска се предводници во непријателството кон исламот (исламофобијата) и непријателството кон странците (ксенофобијата).

Велејќи „Расистичкиот тероризам се шири како чума во голем број европски земји, а понекогаш се заштитува и на претседателско ниво“, претседателот Ердоган потсети дека нападите врз верските објекти, работните места, месџидите и граѓанските организации на муслиманите (во Европа) достигнаа до очајни (застрашувачки) димензии.

„Европските муслимани се соочуваат со систематска дискриминација, им се одземаат правата и слободите. Веќе треба да се сопре овој погрешен тек што го загрозува соживотот на луѓето од различни верувања и култури, како и иднината на човештвото. Онака како што се водеше борба против антисемитизмот по катастрофата со холокаустот, на ист начин  денеска треба да се води бори против непријателството кон исламот (исламофобијата).“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата видео порака по повод одбележувањето на 25 годишнината од Дејтонскиот мировен договор.

 

 



Слични вести