Пораки од светот до Турција со сочувство, поддршка и солидарност по земјотресот во Измир

Од голем број земји ширум светот продолжуваат да пристигнуваат пораки и соопштенија со сочувство, поддршка и солидаризација со Турција, по земјотресот во Измир

1519945
Пораки од светот до Турција со сочувство, поддршка и солидарност по земјотресот во Измир

По земјотресот со јачина од 6,6 степени што се случи во Егејското Море во близина на населеното место Сеферихисар и општините Бајракли и Борнова во градот Измир, продолжуваат да пристигнуваат пораки и соопштенија со сочувство, поддршка и солидаризација од голем број земји.

Претседателот на Боливија Луис Катакора го изрази своето сочувство за жртвите во земјотресот во Измир.

Катакора достави порака за солидаризација со Турција и Грција кои беа погодени од земјотресот.

Јапонскиот премиер Суга Јошихиде испрати порака до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Јошихиде во својата порака го истакна следното: „Во име на јапонската Влада и јапонскиот народ го изразувам моето искрено сочувство ддо блиските на загинатите, на повредените (погодените) од земјотресот им посакувам побрзо оздравување.“

Сомалискиот премиер Мухамед Хусејин Робле го побара по телефон потпретседателот Фуат Октај до кого ги достави своите желби за побрзо закрепнување од последиците на земјотресот.

Аргентинското министерство за надворешни работи исто така објави порака со сочувство за загинатите во земјотресот во Измир.

Инаку, Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека во петокот (30 октомври) попладне, во 14:51 часот по локално време е регистриран земјотрес во Егејското Море на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар кај градот Измир.

Земјотресот се случи на длабочина од 16,54 километри и беше почувствуван во едно широко подрачје на градот Измир и околината, како и на грчките острови во Егејското Море на чело со островот Сисам (грчки Самос).

Најмногу беа погодени населеното место Сеферихисар и општините Бајракли и Борнова во Измир каде што 17 згради се срушени, а голем број згради се тешко или полесно оштетени.

Во соопштението на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) се истакнува дека во погоденото подрачје се регистрирани повеќе од 1.120 последователни потреси од кои 43 со јачина од над 4 степени по Рихтер.

Според најнови добиени информации , бројот на жртвите во земјотресот се зголеми на 83 лица, 962 лица се повредени, а од рушевините на срушените згради се извлечени и спасени 106 затрупани граѓани.

Продолжува лекувањето на 9 повредени лица од кои 4 потешко.

Завршени се работите за пребарување и спасување во 11 срушени згради, а непрекинато продолжуваат работите во 6 згради.

 



Слични вести