Министерот Мурат Курум: Бројот на човечките загуби во земјотресот се зголеми на 83 лица

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум истакна дека бројот на човечките загуби во земјотресот во Измир се зголеми на 83 лица, 962 лица се повредени, а од рушевините на срушените згради се извлечени и спасени 106 мина затрупани граѓани

1520079
Министерот Мурат Курум: Бројот на човечките загуби во земјотресот се зголеми на 83 лица

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум, министерката за семејство, труд и социјални услуги Зехра Зумрут Селчук, министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли во дадената изјава за претставниците на печатот во Координациониот центар на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) информираа за најновите случувања во врска со земјотесот со јачина од 6,6 степени по Рихтер што се случи во петокот во градот Измир.

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум истакна дека бројот на човечките загуби во земјотресот во Измир се зголеми на 83 лица, 962 лица се повредени, а од рушевините на срушените згради се извлечени и спасени 106 мина затрупани граѓани.

Министерот Курум рече дека продолжува лекувањето на 9 повредени лица од кои 4 потешко и дека се завршени работите за пребарување и спасување во 11 срушени згради, а непрекинато продолжуваат работите во 6 згради.

досега се реализирани работите за утврдување на степенот на оштетеност во 4.424 згради и во уште 33.434 други одделни места.

„Бројот на нашите итни, тешко оштетени и срушени згради достигна до 58. 397 згради се послесно оштетени, а имаме 66 средно оштетени згради.“ - рече министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум.

Тој воедно додаде дека во населеното место (општината) Бајракли на површина од 46.300 квадратни метри ќе биде формирана населба од контејнери за 1.000 лица погодени од земјотресот.

Инаку, Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека во петокот (30 октомври) попладне, во 14:51 часот по локално време е регистриран земјотрес во Егејското Море на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар кај градот Измир.

Земјотресот се случи на длабочина од 16,54 километри и беше почувствуван во едно широко подрачје на градот Измир и околината, како и на грчките острови во Егејското Море на чело со островот Сисам (грчки Самос).

Најмногу беа погодени населеното место Сеферихисар и општините Бајракли и Борнова во Измир каде што 17 згради се срушени, а голем број згради се тешко или полесно оштетени.

Во соопштението на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) се истакнува дека во погоденото подрачје се регистрирани повеќе од 1.120 последователни потреси од кои 43 со јачина од над 4 степени по Рихтер.



Слични вести