Хулуси Акар: Карикатурите на француското списание „Шарли Ебдо“ се форма на тероризам претворена во сатира

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека карикатурите на француското списание „Шарли Ебдо“  коишто содржат навреда на муслиманскиот божји пратеник Хазрети Мухамед се форма на тероризам претворена во сатира

1520433
Хулуси Акар: Карикатурите на француското списание „Шарли Ебдо“ се форма на тероризам претворена во сатира

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар им се обрати на командантите на родови и на питомците на церемонијата на свеченото отворање на новата академска година на Воените институци 2020-2021 на Универзитетот за национа одбрана (МСУ или MSÜ).

Овде, министерот Акар нагласи дека во некои познати земји во Европа станува збор за непријателство против Турците, исламот и против муслиманите.

Хулуси Акар истакна дека карикатурите на француското списание „Шарли Ебдо“  коишто содржат навреда на муслиманскиот божји пратеник Хазрети Мухамед се форма на тероризам претворена во сатира.

„И оној од чија страна се прават, ѝ ние, сите знаат дека овие карикатури немаат врска со слободата на изразување, слободата на печатот. Ова е провокација, безобразност, неморалност. Ние како што велиме секогаш, уште од почетокот,  жестоко го осудуваме тоа.“ - рече Акар.

Велејќи дека тоа е оскудност, сиромаштија од идеја, министерот Акар рече: „Тоа претставува отворен напад врз световноста на луѓето. Тоа истовремено претставува форма на тероризам претворена во сатира. Ова е терористички акт којшто ги вознемирува, провоцира, понижува луѓето.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар напомена дека тоа не го одобруваат ниту француските граѓани со здрав разум и дека очекуваат од нив да покажат реакција, а воедно нагласи дека се против терористичките активности независно од тоа каде и во чие име се извршуваат.



Слични вести