Измир погоден од земјотрес: Продолжуваат надежите за преживеани под срушените згради

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека бројот на загинатите во земјотресот во Измир се зголеми на 91 лице, 994 лица се повредени од кои 839 се излекувани и отпуштени од болница, а продолжува лекувањето на 155 повредени лица

1519313
Измир погоден од земјотрес: Продолжуваат надежите за преживеани под срушените згради
İzmir.6.jpg
İzmir.2.jpg
İzmir.1.jpg
İzmir.4.jpg

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи соопшти дека бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер што се случи во петокот во градот Измир се зголеми на 91 лице, 994 лица се повредени од кои 839 се излекувани и отпуштени од болница, а продолжува лекувањето на 155 повредени лица.

Во земјотресот се срушени 17 повеќеспратни згради од кои во 12 згради се завршени работите за пребарување и спасување, а непрекинато продолжуваат работите во 5 згради кадешто се уште има затрупани граѓани.

Инаку, Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека во петокот (30 октомври) попладне, во 14:51 часот по локално време е регистриран земјотрес во Егејското Море на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар кај градот Измир.

Земјотресот се случи на длабочина од 16,54 километри и беше почувствуван во едно широко подрачје на градот Измир и околината, како и на грчките острови во Егејското Море на чело со островот Сисам (грчки Самос).

Најмногу беа погодени населеното место Сеферихисар и општините Бајракли и Борнова во Измир каде што 17 згради се срушени, а голем број згради се тешко или полесно оштетени.

Во соопштението на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) се истакнува дека во погоденото подрачје се регистрирани повеќе од 1.120 последователни потреси од кои 43 со јачина од над 4 степени по Рихтер.



Слични вести